Почнаа преговорите за обединување на островот Кипар

Водачот на кипарските Грци, Никос Анастасиадис и на кипарските Турци, Дервиш Ероглу, денеска ги обновија преговорите, кои беа прекинати пред речиси две години, пренесе „АФП“.

Дијалогот има за цел обединување на островот Кипар, кој е поделен меѓу Република Кипар и непризнатата Турска Република Северен Кипар.

Двајцата лидери ќе одржат првите преговори во зграда на ОН во регионот на поранешНИОТ аеродром во Никозија.