Почнаа уписите на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“

Почнаа уписите на штипскиот Универзитет Гоце Делчев
Почнаа уписите на штипскиот Универзитет Гоце Делчев
Почнаа уписите за академска 2019/2020 година на Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД) – Штип.
Проректорот за настава Кирил Барбареев на денешната прес-конференција информира дека до попладневните часови околу 500 матуранти аплицирале на еден од 12 факултети и три академии на УГД-Штип
Тој забележа дека и оваа година најголем интерес за уписи има на Медицинскиот факултет и тоа на студиската програма за општа медицина. До 12 часот на овој факултет доставени се барања од околу 200 идни бруцоши. Новина оваа година, согласно Законот за високо образование е оние матуранти, кои завршиле во учебната 2018/2019 година не можат да достават документи без положена државна матура. Во изминатите десеттина година на матурантите во земјава им се дозволуваше да се запишат на некој од универзитетите во земјава и со положена училишна матура.
– Тоа е одредба донесена согласно Законот за високо обраозвание, но имајќи во предвид дека голем дел од училишната популација реагира. Тоа кажува дека не е соддветно информирана дека со таков концепт на завршена матура, тие немаат право да се запишуваат. Имајќи во предвид дека во изминатите 10 до 15 години, тоа не важеше. Значи некој требал подоодветно, подинамично, пооперативно да ги информира во четврта година средношколците, дека треба да внимаваат и да запишат и полагаат државна матура. Така да недостатокот е генерално кај сите, вели Барбареев.

Во источниот регион над стотина матуранти не можат да се запишат на факултет, бидејќи немаат положено државна матура. Најавуваат дека ќе достават петиција до Министерството за обраозвание.