Почнува екстерното тестирање за основците и средношколците

Денеска почнува екстерното оценување на учениците и учителите од средното и основното училиште.

Тестирањето за 189 илјади учесници треба да заврши до 10 јуни. Разултатите од тестирањето ќе се објавуваат етапно, а предност и во полагањето и во добивањето на резултатите ќе имаат осмооделенците поради претстојните уписи во средните училишта што ќе се одржат на 23 јуни, односно на 18 јуни во Спортската академија.

 Екстерното тестирање ќе опфати и 18.126 наставници во 680 основни и средни училишта. Тестирањето ќе го следат 638 набљудувачи, а ќе бидат ангажирани и 175 администратори. Активни ќе бидат и инспекторите на Државниот просветен инспекторат, а отворени ќе бидат и кол центрите на Државниот испитен центар.