Од денес до 18 септември во Чешка, Грузија, Италија и Германија ќе се игра Евробаскет 2022. Ова е 41. континентален шампионат на кој ќе учествуваат 24 репрезентации поделени во четири групи.
А-групата ја сочинуваат: Белгија, Бугарија, Грузија, Црна Гора, Шпанија и Турција.
Б-група: Босна и Херцеговина, Франција, Германија, Унгарија, Литванија и Словенија.
Ц-група: Хрватска, Естонија, Велика Британија, Грција, Италија и Украина.
Д-група: Чешка, Финска, Израел, Холандија, Полска и Србија.
Во првиот натпревар денес од 13:30 часот ќе играат Шпанија и Бугарија.
Другите двојки за денес се:
БиХ – Унгарија (14:30 часот)
Турција – Црна Гора (16:15)
Словенија – Литванија (17:15)
Белгија – Грузија (19:00)
Франција – Германија (20:30).
Најмногу злата, вкупно 14 има поранешниот Советски сојуз, СФР Југославија има пет, Југославија, Литванија и Шпанија по три, Италија и Грција по две. Летонија, Чехословачка, Египет, Унгарија, Германија, Русија, Франција и Словенија по еднаш биле на европскиот кошаркарски трон.