Почнува историското судење за отповикувањето на Трамп

Историското судење за отповикувањето на американскиот претседател Доналд Трамп запчнува во вторникот во Сенатат, а додека демократите настојуваат да го тргнат од должноста, републиканците се решителни во намерата да го ослободат од обвинувањата, и тоа што е можно побрзо.

Четири месеци откако избувна ткн Украински скандал и го засен крајот на мандатот на Доналд Трамп и само десет месеци пред новите претседателски избори на кои Американците ќе решаваат дали ќе му доверат уште еден мандат, стоте членови на Сенатот ќе се соберат во 13 часот по локално време, а претседателот на Врховниот суд, Џон Робертс, ќе претседава со судењето.

Задачата на овие сто народни избраници, кои како поротници минатата седица ја положија заклетвата, е да одлучат дали Трамп ја злоупотребил својата претседателска должност и ја попречувал истрагата на Конгресот, за што е обвинет во двете ставки од импичментот кој во декември го прифати Претставничкиот дом, во кој демократите имаат мнозинство.

Во споменатите два члена од обвинението се наведува дека Трамп вршел притисок во Украина во смисла на влијание врз изборите во ноември 2020 година за да му помогне да победи, како и дека настојувал да ја спречи истрагата на Конгресот за своите постапки.

Дел од скандалот е поврзан со телефонскиот разговор од 25-ти јули 2019 година во кој Трамп на тогаш избраниот украински претседател Владимир Зеленски му напоменува да отвори истрага за улогата на поранешниот американски потпретседател Џо Бајден, негов потенцијален деморкатски противкандидат во ноември, во запирањето на истрагата за копруција во украинска енергетска фирма во чиешто раговодство за 50.000 долари месечно бил неговиот син Хантер Даглас.

Демократите, коишто го контролираат Претставничкиот дом и ја водат истрагата, го обвинуваат Трампо дека манипулирал со Киев суспендирајќи ја во тој момент американската воена помош од близу 400 милиони долари, и со наводно условување на посета на Зеленски на Белата куќа.

 

Ништо погрешно – ослободување веднаш

„Претседателот не сторил ништо погрешно“, одговорија меѓу другото адвокатите на Трамп и на Белата куќа во 110 странции долгиот допис поднесен во Сенатот во понеделникот.

Таков е ставот и на 73-годишниот Трамо, кој тврди дека сагата за „политички лов на вештерки и измами“ по несупешниот обид да биде поврзан во аферата со наводното руско мешање во американските избори 2016-та сега продолжува за новите избори, како и дека телефонскиот разговор со украинскиот претседател бил „перфектен“. И самиот Зеленски веднаш по избувнувањето на аферата изјави дека не чувствувал притисок во споменатиот разговор.

Правниот тим на американскиот претседател е составен од 12 екпсерти и во писмото ја оспорува идејата за неговото отповикување, и обвинуваат за нарушување на Уставот. Покрај тоа, двата става од импичментот, одобрени во Претставничкиот дом од демократското мнозинство, го нарекоа производ на „наместен процес“ и со уставни недостатоците, бидејќи не вклучуваат кршење на постојниот закон.

Неговиот тим, во кој се адвокати со висок рејтин како Кенет Стар кој го водеше импичментот Клинтон во аферата со Моника Левински, вели дека „Сенатот би требало да го одбие членовите од отповикувњето и да го ослободи претседателот веднаш“.

 

Наголемиот кошмар – колку ќе трае судењето

„Претседателот Трамп ја злоупотребил својата должност за да бара странско мешање во нашите избори за сопствена политичка полза, со тоа ги загрозил нашата национална безбедност, интергитетот на напите избори и нашата демократија“, напишаа тужителите во објавеното обвинение во саботата. Тое велат дека однсувањето на претседателот е „најголемиот кошмар за творците“, алудирајќи на авторите на американскиот Устав, како и дека Трамп заслужува да биде отстранет од должноста.

Но неговите адвокати напомнуваат дека токму првременото суспендирање на воената помош за Украина, со оглед на раширената копуција во таа земја, било во интерес на американските национални и одбранбени интереси.

Самиот Трамп, пак, е сигурен дела ќе биде ослободен, уште повеќе имајќи го предвид фактот дека неговите републиканци имаа мнозинство од 53 наспроти 47 мандати во Сенатот. Во текот на почетокот од судењето тој ќе биде во странство, бидејќи во понеделникот вечерта замина на економскиот форум во Давос/

Засега не е познато колку ќе трае судењето, но според некои првични процени, републиканците имаат намера да го завршат што поскоро, и тоа за две седмици.

Првата задача ќе биде да се воспостават правилата, за прашањата како оние колку долго дека ќе се слушаат аргументите на тужителите, колку долго ќе се слуша одбраната, колку време ќе биде одвоено за прашањатата кои ќе ги поднесуваат сенаторите, дали ќе и чита Робертс и дали ќе повикува сведоци или ќе бара нивни искази.

Пратеничкиот дом во вторникот ќе дискутира и ќе гласа за правилата коишто ги предложи челникот на сенатското републиканско мнозинство Мик Мекконел, според кои судењето би можело да се одвива со значително побрзо темпо отколку во случајот на демократот Бил Клинтон во 1999 година.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, изјави дека Мекконел го избрзува судењето и со тоа го отежнува за сведоците и за претставување на документите. „Во нешто толку важно, како што е импичментот, решителноста на сенаторот Мекконел не претставува ништо друго освен национален срем“, истакна Шумер во писмената изјава.

Демократите сакаат да сведочат клучните фунцкионери од администрацијата на Трамп, како што се привремениот шеф на претседателскиот кабинет, Мик Малвани и поранешниот советник за навионална безбедност Џон Болтон, верувајќи дека тие многу занаат за договорите на Трамп со Украина.

Болтон порача дека, доколку добие судска покана, има намера да сведочи. Белата куќа, пак, соопшти дека очекува дека судењето ќе заврши за две седмици. За сппоредба, судењето на Клинтон траеше пет седмици. Мекконел рече дена нема да ги разгледува прашањата на свдоците додека се одржува изнесувањето на доказите и испрашувањето,а имајќи предвид дека републиканците го имаат мнозинство, тоа е веројатно ќе надвладее.

 

Што е „импичмент“ и како функционира

 

Процесот на отповикување во САД го осмислиле основачите на земајта за високопозиционираните функционери да одговараат за своите постапки, вклучително и претседателот на државата. Основите за отповикувањето се наведени во американскиот Устав се општи и вклучуваат мито, предавство и ткн „тешки злодела и престапи“. Формулацијата во Уставот летвичката за отповикување ја става високо, но на пратениците им дава и доста простор за маневрирање.

Отповикувањето во практиката се одвива во два чекора, што е одраз на фактот дека американскиот Конгрес има два дома. Иако е јасно дека процесот има политички карактер, бидејќи го водат пратениците, осмислен е така што ја одразува правната постапка. Пратеничкиот дом и неговите комисии делуваат како иследници и порота, и одлучуваа по кои членови ќе го обвинат американскиот преседател, Во случајот на Доналд Трам, минатиот нмесец долниот дом – Претставничкиот дом, го обвини по два члена.

Процесот потоа се сели во горниот дом – во Сенатот, За да се отповика претседаетлот потребни се гласовите на две третини од стоте сенатори. Во моментов, наспроти демократското мнозинство во Претставничкиот дом, во Сенатот во мнозинство се републиканците. Судењето на претседателот на државата вго води претставникот на Врховниот суд, во овој случај Џон Робертс.

Досега во историјата процесто за отповикување е воден само против тројца американски претседатели. Првиот е Ендрју Џонсон, претседател од 1865 до 1869 година, во 1868 година. Бил обвинет за нелегална смена на министерот за одбрана, а со тенко мнозинство е ослободен од обвиненијата во Сенатот.

Пратеничкиот дом изгласа и отповикување и за Бил Клинтон, претседател во периодот од 1992 до 2000 година, во 1998/1999 година, за лажно сведочење и оптруирање на правдата, но и тој беше ослободен во Сенатот,.

Ричард Никсон, претседател од 1969 година во последната година од мандатот во 1974 година, поднесе оставка поради аферата „Вотергејт“ со прислушување на политичките противници, со што го избегна процесот на импичмент. Тој е единстветниот американски претседател во историјата кој отстапил од должноста.

Со отповикување, или процесот на импичмент, од функциите биле отстранети досега осум американски функционери, и сите биле сојузни судии.