Околу 25 музичари од Македонија, но и од регионот (Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија) одлучија креативно да го исполнат времето кое го минуваат во изолација и повторно да ја поздрават публиката.
Вечерва во 19:30 на ЈуТјуб ќе се одржи мини концерт „Од пријател до пријател 2” , а целта на соработката на музичарите, меѓу кои има голем број познати од македонската сцена, е на публиката ширум Балканот, но и светот да им се пренесе позитивна порака преку песна и дружба и да се докаже дека музичарите се тука за својата публика.
Иницијативата ја покрена нашиот магионичар и вокал на група Реквием, Гого (Георги Гавровски).
Концерот можете да го следите на видеото во продолжение.