Во два часот по полноќ, од утре, недела, со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, почнува летното сметање на времето. Односно, времето во 2 часот утрото, ќе се смета како 3 часот.
Одлуката за промена на времето од зимско во летно ја донесе Владата на последната седница одржана на 21 овој месец.
Летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 3 часот, со поместување на стрелките еден час наназад или, времето во 3 часот се смета како 2 часот.
Преминувањето од зимско на летно сметање на времето, и обратно, за првпат е направено во 1916 година во државите на север од Европа, заради заштеда на енергија.
Во Македонија за првпат е воведено на 27 март во 1983 година.