Руското министерство за надворешни работи од ноември ќе ги прекине дипломатските односи со претставниците на НАТО, соопшти шефот на дипломатијата на оваа земја, Сергеј Лавров.
Тој образложи дека од почетокот на наредниот месец, ќе претстане работата на постојаното претставништво на Русија во НАТО, а причината за оваа одлука е одземањето акредитации на осум руски дипломати во Брисел.
На почетокот на месецов, од седиштето на Алијансата беа протерани осум руски дипломати, под обвинение дека се занимават со разузнавачка дејност, а намалена беше и квотата на руската мисија при НАТО, од 20 на 10 претставници.
Претходно, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, апелираше односите со Русија да се одржат, со цел да се избегне нова Студена војна. Последен пат релациите меѓу Русија и НАТО беа осетно нарушени во 2014 година, кога Москва го припои на својата територија украинскиот полуостров Крим.