Почнува пријавувањето за 18. меморијален турнир „Оливер Соколов-Сокол“

На 1 септември почнува 18. меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ во Карпош, Скопје.

Сите кои сакаат да учествуваат на турнирот можат да почнат со пријавувањето уште денес (1 август), па до 28 август. Секое пријавување екипа е 6.000 денари, а наградниот фонт на турнирот е 800.000 денари.

Натпреварите ќе се одржуваат на теренот на ОУ „Христијан Тодорвски – Карпош“ во Карпош 1.