![самит](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/05/samit.jpg?resize=696%2C473&ssl=1)
Речиси четири недели откако Европската комисија предложи нафтени санкции за Русија поради нејзината инвазија на Украина, лидерите на ЕУ се состануваат лице в лице. Во пресрет на дводневниот самит, кој почнува попладнево, лидерите се обидуваат да постигнат договор, пренесува Ројтерс.
Состанокот на лидерите на ЕУ ќе се одржи во зградата на Европскиот совет во Брисел.
Претставниците на земјите-членки веќе почнаа да пристигнуваат на состанокот. Меѓу нив се германскиот канцелар Олаф Шолц, како и францускиот претседател Емануел Макрон. Покрај лидерите на земјите членки на ЕУ, на лице место се собраа и демонстранти кои бараат земјите од ЕУ да донесат одлука и да ја бојкотираат руската нафта.
Предлогот за шестата рунда санкции на ЕУ против Русија вклучуваше забрана за увоз на руска нафта – морска и нафта, сурова нафта и рафинирани производи.
Ембаргото за нафта може да го наруши еден од главните извори на приход на Русија, кој помага во финансирањето на нејзината акција во Украина.
За да се донесе одлука, сите 27 земји-членки треба едногласно да се договорат за санкциите.
Унгарија рече дека прекинот на увозот на руска нафта ќе ја загрози нејзината економија. Слична загриженост изразија и Словачка и Чешка.
Со цел да се постигне договор, лидерите во понеделникот предложија компромис, со кој ќе се забрани само руската нафта увезена во ЕУ со танкери, со привремено ослободување за испораките од гасоводот.
фото: Nova.rs