Првито случај на Специјалниот суд за Косово во Хаг, кој ги истражува албанско-српските судири во 1998 и 1999 година во поранешната јужна покраина на Србија, започнува во средата со судењето за воени злосторства на поранешниот командант на Ослободутелната војска на Косово (ОВК – UCK).
Судот беше основан уште во 2015 година со цел да се разветлат злосторствата стортени во текот на косовскиот конфликт за кои е обвинета ОВК, но досега беше опструиран. Потпаѓа под правосудството во Приштина но го сочинуваат меѓународни судии и државни обвинители.
Сега 49-годишниот некогашен командант на ОВК, Саљих Мустава, е обвинет за убиства, мачења, свирепо постапување и прозиволно затворање на Срби, Албанци и припадници на неалбанските заедници, во 1999 година во импровизираниот логор во Зљаш, село источно од Приштина.
Мустафа беше уапсен минатата 2020 година додека работеше како советник на косовското министерство за одбрана. Главниот судечки судија официјално ќе го започне судењето во текот на данот и тогаш на Мустафа ќе му биде прочитано целото обвинение, соопшти судот во Хаг.
„Обвинетиот ќе биде прашан дали го разбрал обвинението и дали сака да го потврди претходно изјаснување. Во овој случај обвинениот се изјасни дека не е виновен“, се додава во соопштението.
Обвинителите ќе имаат три часа за воведниот збор, а пота за своите излагања адвокатите и застапниците на жртвитеи ќе имаат на располагање 90 минути. На судењето чии рочишта се предвидени за септември и октомври ќе бидат сослушани 16 сведоци/.
Мустафа, кој е познат и како „командант Чали“, е обвинет дека управувал со имрпровизиранито логор и затвор за луѓе кои ОВК ги обвинувала дека се шпиони и дека соработувале со српските власти. Во штала претворена во импровизиран затвор завршиле и Албанци кои одбиле да соработуваат со ОВК, се додава.
Сите, како што се наведува во обвинението, биле подложувани на претепувања до смрт со разни предмети и мачени со електрошокови, а врз некои било уринирано пред другите затвореници. Се додава дека Мустафа лично претепал најмалку еден затвореник со бејзбол палка, додека друг го претепал со нозе и раце, но се наведуваат и други пострашни злосторства.
„Другите злосторства се направени под негова команда или знаел или имал причина да знае дека ги сториле луѓе под неговата команда“, стои во обвинението.
Покрај Мустафа, во Хашкиот трибунал во моментов се поранешните припадници на ОВК, Хисни Гуцати, Насим Харадинај, поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и поранешниот претседател на косовското собрание Кадри Весели.