Град Скопје заедно со Општина Бутел ќе ја реконструра улица “Бутелска” на потегот од вкрстување со улица “Александар Урдаревски” до автопат-обиколница.
На овој потег целосно ќе се реконструираат коловозните ленти во должина од речиси еден километар а комплетно ќе се направат и реконструираат оштетените пешачките патеки, објави градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.
Решаваме еден голем децениски проблем во Општина Бутел со кој секојдевно се соочуваат жителите на нашата Општина!
-Град Скопје заедно со Општина Бутел ќе ја реконструра улица “Бутелска” на потегот од вкрстување со улица “Александар Урдаревски” до автопат-обиколница.
На овој потег целосно ќе се реконструираат коловозните ленти во должина од речиси еден километар а комплетно ќе се направат и реконструираат оштетените пешачките патеки.
-Целата оваа реконструкција предвидено е да биде во вредност од 26.810.580,00 денари а рокот на изведба е предвиден да биде 60 дена.
Повеќе од 12 години улица “Бутелска” била комплетно заборавена и затоа се наоѓа во ваква катострофална состојва со многу дупки. Оваа улица е една од нашите најпрометни улици на која дневно минуваат и транзитираат повеќе од 30.000 граѓани и е од големо значење за Општина Бутел.
Ова е уште едно предизборно ветување дадено пред граѓаните на Општина Бутел кое наскоро ќе биде завршено.
Интезивни и динамично го менуваме ликот на Општина Бутел!
Ветеното го реализираме, пишува Костовски во својата објава.