
Утре започнува новата скијачка сезона на скијачкиот центар „Копанки“.
Од ЕЛЕМ турс дооел Скопје и скијачкиот центар „Копанки“ соопштуваат дека терените за скијање се подготвени, а ски-патеките исчистени, уредени и обележани.
– Жичарата Бегова Чешма и ски лифтот се комплетно сервисирани, вклучително корпите и сидрата. Во поглед на безбедноста, извршени се редовните контролни мерења и добиени се сертификати за техничка исправност. Како и секоја година, така и оваа, спроведени се сите технички подготовки и активности за непречен почеток и тек на престојната скијачка сезона, се вели во соопштението