Почнува судењето против Рашковски за случајот „Софтвери”

Почнува судењето против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се осомничени за нелегалната набавка на софтвер. Судскиот процес ќе го води судијата Фанка Јанчулева Михаиловска.

Тендерот од 81 000 евра го доби фирмата Инвока чиј сопственик исто така е во притвор.

Дел од медиумите пишуваа за овој случај во кој склучил тригодишен договор за софтверски лиценци од милијарда денари откако во отворена постапка отпаднале условите за техничка и професионална способност. Тендерот го доби фирма со 200 евра пониска понуда од конкурентите. Бил поништен, а во повторената постапка не бил баран ниту еден од претходно наведените услови.