Почнува судењето за потонатиот јужнокорејски траект

Судењето на екипажот на јужнокорејскиот траект кој потона во април започнува денеска. Траектот, во кој имало 476 лица, меѓу кои 325 ученици кои биле тргнати на излет, се преврте на 16 април во водите пред јужниот брег на Јужна Кореја. Причините за потонувањето се сметаат дека се поради преголемиот товар.

На почетокот на судењето билансот говори за 172 спасени, 292 погинати и 12 исчезнати. Два месеци по несреќата, нуркачите и понатаму го прегледуваат потонатиот труп на траектот и се надеваат дека на површина ќе ги извлечат сите тела.

Во јавноста, веќе е осуден капетанот Ли Џон Сеок, како и уште три члена на екипажот. Тие одговараат за убиство од небрежност. Им се заканува смртна казна за дела кои според јужнокорејскиот казнен закон ги сврстува меѓу убиство и убиство без предумисла. Но, од извршувањето на смртната казната јужнокорејците се откажале во 1997 година.

Уште 11 членови на екипажот треба да одговараат за помалку тешки обвинувања. Екипажот е обвинет дека го напуштила бродот со стотина патници на него додека се превртувал.