Почнува Светскиот економски форум во Давос

Денеска почнува 53-от Светски економски форум во Давос, кој ќе трае до 20 јануари, и на кој ќе учествуваат рекорден број бизнисмени, претставници на најголемите светски компании, државни лидери и познати личности.

Форумот во познатиот швајцарски зимски центар Давос последен пат се одржа во своето традиционално време, во јануари 2020 година, бидејќи во 2021 година беше организиран виртуелно, а во 2022 година беше одложен за мај поради пандемијата на коронавирусот.

Давос и оваа година ќе ја собере деловната и политичката елита.