Во текот на идната ноќ, во 3 часот наутро, почнува зимското сметање на времето.
Часовниците ќе се поместат за едена час назад и ќе биде 2 часот наутро.
Зимското сметање на времето започнува на 27 октомври , или последниот викенд во овој месец, а завршува во последниот викенд во март, кога повторно стрелките одат напред за еден час и започнува летното сметање на времето.
Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија.
Предлогот беше усвоен од Европскиот парламент, но секоја членка на ЕУ ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.