Почнуваат анкетите за избор на можни кандидати за градоначалници во ВМРО-ДПМНЕ – номинациите се завршени

На почетокот на февруари ќе ја започнеме процедурата со интерните анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните локални избори и успешно ќе ја завршиме, посочи денеска од Кочани премиерот Христијан Мицкоски.

– Се уште не сме почнале со реализирање на анкетите. До сега траеше внатрешно партиската и внатрешно коалициската процедура за номинирање на личности – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по денешното доделување клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Кочани.

Како претседател на партијата и на Извршниот комитет, додаде тој, го задржуваме правото да предложиме имиња за кои мислиме дека треба да бидат дел од овој процес на анкетирање, надвор од списокот кој е доставен од општинските комитети.

Прашан дали може да обелодени некои имиња, Мицкоски рече дека не може тоа да го направи во моментов.