Земјотрес со епицентар во Скопје. Вечерва нешто по 23 часот регистриран е земјотрес во Скопје. Според првичните информации, земјотресот е со јачина од 2,7 степени по Рихтер.
Епицентарот е 13 километри источно од скопско Студеничани, на длабочина од пет километри.