Почувствуван земјотрес во југозападните делови на државата

Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, со својата телеметриска мрежа на сеизмолошки станици во Охрид, Битола, Крушево, Штип и Валандово, утринава во 2 часот и 42 минути, регистрираа земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 220 км јужно од Скопје, во соседна Грција, и беше со магнитуда од 4.4 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот е почувствуван во југозападните делови во нашата држава со интензитет од три степени, според Европската макросеизмичка скала-1998.