Почина 15 годишен Палестинец застрелан од израелската војска

Израелската армија убила 15 годишен Палестинец завчера за време на протестите на границата, објави министерството за здравство на Газа.

Муад ал Сури починал во болница откако бил погоден со куршум во стомакот за време на судирот во кој исто така бил убиен и 25 годишник, а дваесетина други биле повредени.

Веста за смртта на малолетникот доажа откако израелската армија објави дека пресретнала шведски брод со активисти кои сакале да ја разбијата децениската блокада на појасот газа, со кој управува Хамас.
Тоа ги разгневило протестантите, кои почнале да ја пробиваат оградата и да фрлаат молотови коктли и камења кон Израелците, кои возвратиле со оган.

Според министерството за здравство на Газа, од почетокот на протестите пред неколку месеци, 157 Палестинци биле убиени.