Почина 27-годишен играч на бејбзол

Тајлер Скагс, 27-годишен играч на позицијата почетен фрлач во американската бејзбол екипа Лос Анџелес Енџелс, починал во Тексас каде што со тимот допатувал на лигашки натрпевар, објави клубот во понеделникот.

„Со голема тага јавуваме дека Тајлер Сакс порано денеска почина во Тексас. Тајлер е, и секогаш ќе биде, важен дел од семејството Енџелс. Нашите мисли и молитво се со неговара сопруга Карли и целото негово семејство“, се наведува во објавата на клубот бо која не се наведува причината за смртта.

Американската бејзбол лига (MLB) го откажа натпреварот во кој Енџелс требара да играат против екипата на Тексас Ренџерс.

Полициската управа на округот Саутлејк во сојузната држава Тексас објави дека полииски службеници реагирале брзо на повик за маж без свест во соба во хотелот „Хилтон“. Кога полицајците пристигнале во хотелот, Скагс не давал знаци на живот и на местот е утврдена смрт.

Во изјавата на полицијата се додава дека „во овој момент нема сомневања за насилна смрт“.

Скагс е родум од Јужна Калифорнија, а во лигаата дебитираше во 2012 година.