![omar](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/07/omar.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Актерот Омар Шариф почина во петокот, на 83 – годишна возраст, од срцев удар во болница во Каиро, јавија светските медиуми.
Омар Шариф е познат по улогите во филмовите „Лоренс од Арабија“, „Доктор Живаго“ и други.
Роден е во Египет, а во долгогодишната кариера освои два Златни Глобуса и беше номиниран за Оскар за улогата во филмот „Лоренс од Арабија“.
Златните глобуси ги доби за улогите во „Лоренс од Арабија“ и „Доктор Живаго“.
На почетокот од годинава неговиот агент Стив Кенис соопшти дека Шариф боледува од Алцхајмерова болест, а во петокот претрпел срцев удар во една болница во Каиро.