Амерканскиот актер Дејвид Кесиди кој популарноста ја стекна со серијата „The Partridge Family“ а подоцна беше пејач во истоимената група, почина во 68-та година, објавено е во средата.
„Дејвид почина опкружен со оние коишто ги сакаше, со радост во срцето и без болки коишто долго ги трпеше“, соопшти неговото семејство. Според нив тој се наоѓал од понеелникот на одделот за интензивна терапија во една болница во сојузната држава Флорида.
Кесиди мината седмица бил префрлен во болница поради откажување на неколку органи. Претходно оваа година пејачот изјави дека боледува од деменција, како и дека ќе ја прекине турнејата за да ужива во животот.
Популарноста ја стекна толкувајќи го ликот на Кит Партриџ во серијата The Partridge Family до 1970-те години на телевизијата ABC која во четирите сезони го следеше животот на мајка и нејзините пет деца кои основаат рок група.
Некои од песните од серијалот, како што е „I Think I Love You“ станаа класици, а Кесиди заедно со екипата од серијата во 1971 година е номиниран за наградата Греми.
Во седумдесеттите години од минатиот век неговите концерти ги полнеа стадионите и салите. Хистеријата околу Кесиди беше толката што беше наречена „Кесидиманија“. Но несреќниот сплет од настану во 1964 година кога на неговиот конерт во Лондон во стампедото настрада 800 луѓе, Кесиди одлучи да ја заврши турнејта и да се сврти кон пишувањето песни.
По телевизиската серија Кесиди изгради успешна кариера на пејач и актер. Во кариерата продал повеќе од 30 милиони плочи ширум светот. Зад него се седум студиски албуми, а последниот под наслов „Old Trick New Dog“ беше објавен во 1998 година.