Почина Арсен Дедиќ

По долго и тешко боледување во Загреб почина Арсен Дедиќ (77). Тој пред дваесетина дена беше примен на интензивна нега во интерната клиника КБЦ во Загреб поради сепса, откако претходно му беше вграден колк.

Пејачот неколку дена беше приклучен на апарати, а од неодамна беше на хемодијализа затоа што му откажуваа бубрезите и црниот дроб. Се започна ненадејно минатата недела, кога организмот му заслабнал поради прекин на крвототкот во абдоменот, пишува хрватски „Јутарњи лист“.

Кантавторот кон крајот на јули беше примен на интензивна нега, претходно му беше вграден вештачки колк, а воспалението што го добил најверојатно е последица на компликациите од таа операција.

Арсен Дедиќ во поселдните десетина година има проблеми со здравјето. Така во 2004-та година му бил пресаден црн дроб, а пред една година доживеал незгоден пад, по што почнаа проблемите со колкот.

Арсен Дедиќ беше хрватски книжевник, преведувач, поет и кантавтор. Тој е автор и изведувач на голем број шансони и победник на голем број фестивали.

Тој објавил повеќе поетски збирки, а преведувал и обработувал познати шансониери и автори.