2.8 C
Skopje
среда, декември 25, 2024

Почина бугарскиот историчар Божидар Димитров

На 72-годишна возраст вчера почина професорот Божидар Димитров, соопштија членови на семејството за бугарската новинска агенција Фокус.

Божидар Димитров беше поранешен долгогодишен директор на бугарскиот  Национален историски музеј и автор на десетици книги посветени на бугарската историја.

Починал пред зградата во која живее. Одеднаш се фатил за градите и паднал на земјата, јавуваат бугарските медиуми. Негови блиски претпоставуваат дека станува збор за белодробна емболија.

Починал додека ја чекал ќерка си Марија пред зградата, а со која требале да го прославата нејзиниот роденден.

Историчар по образование, тој беше министер без ресор, одговорен за Бугарите во странство во првиот кабинет на Бојко Борисов.

„Изразувам сочувство до роднините и семејството на Божидар Димитров. Почивај во мир пријателе…“, напиша на премиерот Бојко Борисов на Фејсбук.

Божидар Димитров, беше најголемиот негатор на македонска нација и јазик. Тој постојано зборуваше, агитираше и пишуваше книги за вештачката творба на комунистите-македонска нација, јазик и држава.

Минатогодишното поклонување на премиерот Заев на споменикот на Самоил во Софија, пред потпишувањето на Договорот за добрососедство, за Димитров беше признавање дека македонскиот и бугарскиот  се еден народ.

„Мислев дека нема да го доживеам тој ден кога ќе дојде еден македонски политичар од Скопје, по изјавата пред еден месец и тоа беше господинот Зоран Заев кој кажа дека бугарскиот и македонскиот народ се едно исто. И сега ќе се потпише договор. Договорот има една клаузула на прв поглед не е очигледна, но ако се исполни договорот прво да се потпише, а потоа и да се исполни, како што велат некои мои пријатели, бидејќи има разлика помеѓу потпишување на договор и негово исполнување и тоа означува крај на македонизмот и навистина претворање на Македонија во втора бугарска држава, не така наеднаш туку постепено“, рече тогаш Димитров.

На новинарско прашање дека тоа никаде не го пишува во договорот, Димитров одговори: ,,Пред кражбите на историјата мила моја. Што ќе учат македонските деца? Кажи ми?“

На  прашањето, пак: „Како ќе гарантирате дека учебниците по историја ќе бидат почитувани, ќе бидат напишани така како што треба и тоа што вие го имате како ваша мечта навистина ќе се оствари?“, Димитров вели:

Ако бидат напишани како што треба тие ќе учат бугарска историја. Ќе учат како до 44-та година, 1300 години како ги споделувале сите премрежија и победи на бугарскиот народ, порази и победи и како 1944-та биле принудени од една тоталитарна држава како комунистичка Југославија да станат, друг народ различен од бугарскиот. И потоа поминаа многу години, но сега ќе учат. За време на управување на премиерот Борисов и премиерот Зоран Заев е постигнат еден договор кој ги постави темелите на еден процес“,изјави Димитров минатата година.

Запрашан како го коментира поклонувањето пред споменикот на Цар Самоил, Димитров додава:

„Погледнете како пишува таму Самоил Цар на Бугарија, македонски премиер доаѓа и положува венец на Самоил Цар на Бугарија. Тоа е како гарант дека ќе го потпише договорот на втори август“, рече Димитров.