Почина Џорџ Јанг, автор на хитот „Love is in the Air“

Бендот The Easybeats од 1967, Џорџ Јанг прв од десно/© Gunter Zint / К & К Улф Кругер OHG / Redferns

Австралискиот музичар и ментор на бендот АC/DC, автор на хитот „Love is in the Air“, почина на 70-годишна возраст, објави австралиската мрежа Rundfunk ABC.

„Со болка во срцето обајвуваме дека почина нашиот сакан брат и ментор Џорџ Јанг. Без неговата помош и водство немаше да ги има AC/DC“, напиша хард-рок бендот на својата мрежна страница и додава дека „тешко беше можно да се најде попрофесионален музичар, композитор, продуцент и ментор“.

Причината за смртта не е објавена, според желбата на семејството. Џорџ беше брат на основачите на AC/DC , Ангус и Малколм Јанг, кои бендот го формираа во 1973 година.

Јанг е роден во Шкотска во 1946 година, а неговото семејство во 1963 година се преселува во Австралија,

Се прослави прво во доцните 1960-те како член на рок групата The Easybeats од Сиднеј, Беше најдоар во работата зад сцената, помагајќи во создавањето на една од најголемите групи во историјата на рокот.

Некои од неговите класици се Love is in the Air, светскиот хит од 1977 година, како и „Friday on my Mind“ кој го создаде со долгогодишниот соработник Хари Ванда, со кого соработуваа уште од почетоците на The Easybeats.