Почина Филип Мицфелдер – германски пратеник и голем пријател на Македонија

Почина Филип Мицфелдер - германски пратеник и голем пријател на Македонија

Почина Филип Мицфелдер – германски партеник и висок функционер во партијата на Ангела Меркел кој важеше за голем пријател на Македонија.

 Филип Мицфелдер денеска почина во Берлин на 35 годишна возраст.

Мицфелдер беше задолжен за надворешна политика во партијата на Меркел и беше еден од петмината највисоко позиционирани политичари и најмлад член на германскиот Бундестаг.

Информацијата ја потврдија и од владејчката германска партија ЦДУ. Неофицијалните информации велат дека починал од пулмонарна емболија.

-Вознемирени сме, затекнати и тажни. ЦДУ загуби еден од најупатените експерти за надворешна политика, а јас губам личен пријател, изјави Фолкер Каудер претседател на парламентарната група на ЦДУ.

 

Мицфелдер беше член на долниот дом на Бундестагот од 2005-тата. Тој стана портпарол на партијата задолжен за надворешни работи во 2009-тата.

Мицфелдер важеше за голем пријател на Македонија. Едно од неговите последни интервјуа беше за ТВ Сител.