Хју Хефнер, основач на списанието за возрасни Playboy почина во средата на 91-годишна возраст соопшти компанијата „Playboy Enterprises Inc.“.
Хафнер мирно од природни причини починал во својот дом опкружен од најмилите, се наведува во соопштението.
Хју Хефнер беше американски претприемач кој е најпознат по тоа што во 1953 година го основаше „лајфстајл“ магазинот за мажи Playboy. Првиот број на списанието е познат по тоа што на насловната страница беше објавена фотографијата на разголената американска актерка Мерилин Монро, а се продавал за 50 центи и објавен е без датум во случај да нема натамошни изданија. Првото издание се распродало за неколку седмици.
Роден во Чикаго, Хефнер започнал како новинар во списанието Esquire. Беше и главен креативен директор на компанијата „Playboy Enterprises Inc.“.
Благодарејќи на успехот на Playboy стана милионер, а неговата нето веднос во време на неговата смрт се поенува на повеќе од 43 милиони долари. Хефнер беше и политички активист и филантроп кој беше активен во низа општествени прашања. Беше и ветеран од Втората светска војна.
Магазинот Playboy излегува еднаш месечно и донесува фотографии од разголени женим заедно со разни написи за модата, спортот, производи и јавни личности. За списанието пипуваа и позанти писатели како Артур Кларк, Јан Флеминг, Владимир Набоков и Маргарет Итвуд, а работе и многу познати фотографи како Ричард Фегли, Билијам Фиџ, Едни Фрејтаг, Рон Харис, Дејид Меје, Рас Мајер, Помпео Посар, Сјуз Рандол и други.
Фотографиите на речиси целосно разголените најпривлечни модели беа вратени на насловната страница на култното списание со назнака „за возрасни“, по одлуката која ја донесоа во февруари годинава Хју Хефнер и неговиот син Купер, наведувајќи дека одлуката да се откажат од еротската содржина од минатата 2016 година „беше грешка“.
Хју Хефнер, кој го основаше Playboy во 1953 година, ја понуди компанијата на пазарот во 2011 година, заедно со инвестицискиот фонд „Rizvi Traverse Management“, а во тој бизнис нејзината вредност изнесуваше 207 милиони долари.
Месечникот Playboy беше меѓу првите во светот што објавуваше фотографии со голи жени, но во февруари 2016 година магазинот престана да објавува такви фотографии бидејќи, како што порача, тој концепт е застарен и не е повеќе привлечен заради купиштата бесплатна порнографија на интернет.
Тиражот на Playboy падна од 5,6 милиони примероци во 1975 година на околу 800 илјади последните години, но компанијата повеќе заработува на лиценците на својот бренд и логоа за различни производи ширум светот.
Магазинот го изгуби социјалниот статус кој некогаш го имаше. Одамна поминаа времињата кога имаше интервјуа со влијателни светски личности како што се мартин Лутер Кинг, Малколм Икс или Џими Картер.
Фотографиите со голи жени се исфрлени од онлајн изданието на Playboy порано, за содржината да не може да се најде на социјалните мрежи, кои забрануваат еротика. Сепак, фотографии на оскудно облечени жени во провокативни пози и натаму беа објавувани.
Сепак списанието Playboy, чиј заштитен знак до пред извесно време со децении беа разголените ткн „зајачици“ и „меката“ порнографија, во октомври минатаа 2016 година направи еден значаен чекор и првпат објави фотографија на муслиманка со хиџаб со што предизвика и пофалби и критики.
Станува збор за 22-годишната американска новинарка од либиско потекло Нур Тагури, која работи за видео каналот Newsy и за Playboy беше фотографирана со црна кожна јакна, фармерки, патики и хиџаб, исламска шал кој ја прекрива главата, а претставена како активистка „којашто оди само напред“.
Нејзината приказна во Playboy, кој претходно годинава објави дека се откажува од објавувањето на разголените убавици поради огромната конкуренција во тој сегмент која е лесно достапна на интернет, како и во настојувањата да освои поширока публика преку новиот приод на темите и нивното обработување, многумина го пофалија како добар потег на магазинот во неговиот развој.
Меѓутоа, многумина и ја нападнаа младата Тагури затоа што се согласила да даде интервју за списанието. „Playboy, кој е синоним за порнографијата, со децении беше на првата линија на кампањата за сексуализирање на жените, претворањето на жената во објект“, напиша лани порталот The Muslim Vibe.