Почина и убиецот на градоначалникот на Боговиње

Педесет и тригодишниот Абази Ќани, од село Боговиње кој изутринава го уби градоначалникот на Боговиње, Хазби Идризи. Абази им подлегнал на повредите во Ургентиот центар во Скопје каде беше префрлен откако самиот се застрела во главата по вербалната расправија и убиството на Идризи во угостителски објект во близина на општината.

Убиството, како што наведуваат од полицијата, се случило во угостителски објект во близина на општината. Идризи и осомничениот за неговото убиство Ќани Абази, 53-годишен жител на Боговиње, влегле во распрвија по што Абази пукал неколкупати кон градоначалникот. Веднаш по застрелувањето на Идризи, убиецот се обидел да се самоубие. Според полицијата, Абази си испукал еден куршум во десната слепоочница. Со сериозни повреди веднаш по обидот за самоубиство Абази е префрлен прво во тетовската болница, а потоа во Ургентниот центар во Скопје
Јавен обвинител и екипа на СВР Тетово извршиле увид на местото на убиството.