Почина Кевин Куран, еден од писателите на „Симпсонови“

куран

Портпаролот на телевизиската куќа Фокс, која е продуцент на анимираната серија, потврди дека тој починал вторникот.

Куран почна да работи на Симпсонови во 1998 година како помошник продуцер и беше дел од шоуто до 2015 година.

Тој доби шест Еми награди за време на неговата кариера како дел од писателскиот тим на Симпсонови и како дел од Лејт Најт со Давид Летерман,

Тимот на Симпсонови доби три Еми награди за извонредна анимирана програма во 2003, 2006 и 2008 година.

Куран исто така делеше три Еми награди од 1985 и 1987 година за неговата работа во шоуто на Летерман.

Ал Џин, извршен продуцер на Симпсонови твитна: „Многу е тажна веста за смртта на Кевин Куран. Брилијантно смешен и вистински пријател.“

Куран завршил школувње во универзитетот Харвард и исто така ги напиша „Несреќни засекогаш и земени… со деца“, каде главната улога ја имаше Ед О’нил и се емитуваше цели 10 години.

Тој претходно беше во врска со Англиската новелистка и текстописец Хелен Филдинг, креаторот на ликот Бриџит Џоунс.