![ерик](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/04/erik.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
Актерот Ерик Бауерсфелд, кој се прослави со улогата на култниот адмирал Акбар во филмот „Војна на ѕвездите“, почина во 93-та години од животот, објави „ЈУ-Ес Магазин“.
Бауерсфелд го позајми гласот на ликот на адмиралот Акбар во „Враќањето на џедајот“, а се појави и во новото продолжение на серијалот „Силата се буди“.
Иако многумина не го познаваат по името или ликот, сите фанови на серијата ја знаат неговата легендарна фраза „It’s a trap“ (Ова е стапица) која од филмот се прошири во популарната култура.
Освен Акбар во „Војна на ѕвездите“, Бауерсфелд го играше и Биба Фортјун, а беше и еден од најпочитуваните драматурзи во САД.