Познатиот режисер и поранешен амбасадор на Македонија во Италија, Љупчо Тозија, почина на 71-годишна возраст во вторникот
По завршувањето на Академијата за театар и филм во Загреб во 1974, Тозија скоро целиот професионален ангажман го помина во Македонската телевизија (МТВ), сѐ до 2005 кога беше поставен за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Италија, во Рим.
Беше автор, режисер, уредник на редакции, сѐ до извршувањето задачи како директор и главен и одговорен уредник на МТВ од 2002 до 2005 година. Потписник е на голем број снимени телевизиски емисии, театарски претстави и документарни филмови.
Посмртните останки на Љупчо Тозија ке бидат изложени во четвртокот од 12 часот во капела на скопските гробишта Бутел, а погребот ќе се одржи во 13 часот.