Почина Матеја Матевски

Во 89-тата година од животот ноќеска почина истакнатиот македонски поет и академик Матеја Матевски.

Матевски е роден во Истанбул во 1929 година, детството го поминал во Гостивар, а студирал во Белград и Скопје, каде завршил Филозофски факултет. Бил генерален директор на Радио-телевизија Скопје, член на ДПМ, лен на МАНУ и нејзин претседател од 2001-2004.

Автор е на десетици стихозбирки и добитник е на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата.

Погребот ќе биде извршен утре во 12 часот на Градските гробишта Бутел во Скопје.