Почина млад тракторист во беровско

Почина млад 44-годишен тракторист во беровско. Во текот на вчерашниот ден во 01,25 часот во Полициската Станица-Берово, било пријавено дека во атар на село Двориште на местото викано „Кривио габер“, бил пронајден починат В.Р.(1972) од с.Двориште.

Имено, како што информира МВР, на 15.07.2016 година околу 18,00 часот, В.Р на погоренаведеното место управувајќи трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, со приколка натоварена со дрва од непознати причини изгубил контрола над тракторот и излетал покрај патот, по што паднал и со главата удрил во тврд предмет, по што починал на местото на настанот.

Телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.