
Најстариот човек на светот, Јапонецот Масазо Нонака, починал во неделата на возраст од 113 години и 179 дена, објави портралот tv.asahi, така што сега статусот најстар маж на планетата му припаѓа на Германецот Гернет, роден на 15-ти октомври 1905 година,
Членовите на неговото семејство соопштиле дека Нонака починал мирно во сон, во својот дом во градот Ашоро. Имал пет деца, од кои надживеал три, како и неговата сопруга со којашто се оженил во 1931 година.
„Потресени сме од загубата на овој голем човек. Само до вчера се чувствуваше добро, сѐ се одвиваше вообичаено а денеска веќе го мена“, изјавила за службената новинаска агенција Kyodo неговата внука Јуко.
Нонака е роден на 25-ти јули 1905 година, а растел во големо семејство, со шест браќа и сестри, коешто водело гостилница. Денеска локалот го води една од неговите внуки.
Последните години од животот ги минал со своите внуци на термалните извори во подножјето на планината Микан на островот Хокаидо. Сакал да чита весници, да гледа сумо борби и оперски претстави.
Комисијата на Гинисовата книга на рекордите го призна Нонака како најстар маж на светот по смртта на Шпанецот Фрациско Нуњез Оливер кои почина минатата 2018 година.
Јапонија е позната по долговечноста на своето население. Веќе неколку жители на оваа земја ја носеа титулата најстара личност на светот. Меѓу нив беше и Џироемон Кимур, најдолговечниот маж на планетата кој почина набрзо по прославата на 116-от роденден во 2013 година.
Во Јапонија живее и во моментов официјално признатото највозрасното лице на светот, Кане Танака, која наврши 116 години. Родена е во југозападниот град Фукуока на 2-ри јануари 1903 година, во годината кога браќата Рајт, пионерите на американското воздухопловство го изградиле авионот „Flyer“, прелетувајќи 37 метри.
Минатата 2018-та во однос на претходната 2017 година бројот на стогодишниците во Јапонија пораснал за 3 отсто и изнесува рекордни 69.768 луѓе од кои 90 отсто се жени, објави јапонската влада. Според податоците јапонското министерство здравство, труд и социјална грижа зголемувањето се евидентира 48-ма година со ред.
апонија се соочува со сé поголемо демографско оптоварување, откако веќе децении животниот век на населението се продолжува, а наталитетот опаѓа. Според податоците на Државниот институтот за истражување на растот на популсцијата и безбедноста, населението постаро од 65 години во 2060 одина ќе изнесува околу 38,1 отсто од вкупната популација, во однос на податоците од 2015-та, кога тој показател изнесувал 26,6 отсто