Вработен во Итна медицинска помош вчера околу 9 часот пријавил дека на улица Виетнамска во Скопје имало починато новороденче, родено пред три дена.
-По кажување на мајката Ѓ.С. бебето било родено пред три дена во Гинеколошко акушерска клиника „Мајка Тереза“ и истиот ден околу 8.30 часот забележала дека со бебето нешто не било во ред и повикала Итна медицинска помош, информираат од МВР.
Од страна на лекар била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител, телото на бебето е дадено на обдукција.