Почина поетесата и новинарка, Лилјана Дирјан

На 64-годишна возраст, денеска во Скопје почина поетесата и новинарка Лилјана Дирјан.

Таа е родена во Скопје, а дипломирала на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

 

Била на студиски престој во Париз како стипендист на француската влада и Фондацијата „Губелкијан“. За своето творештво е наградена со признанијата „Студенстки збор“ и „Браќа Миладиновци“.