
Алан Рикман на помладата генерација и беше познат како професорот Снејп во филмовите на Хари Потер, меѓутоа како актер со уникатен шарм и харизма имаше богата и долга кариера.
Тој почина по долгогодишна битка со ракот, која се до неговата смрт беше држена во тајност.
Во текот на неговата речиси 40-годишната актерска кариера реализираше огромен број филмски, телевизиски и театарски проекти, а беше добро познат и по специфичниот тон на глас.
Кариерата ја започната на театарските сцени за потоа да продолжи на ТВ екраните и филмските платна. Во 80-те ја вчудоневиде американската публика играјќи го Ханд Грубер во „Умри машки“, а беше пак урнебесно смешен како Шерифот од Нотингам во „Робин Худ“ од 1991 – улога која му донесе признание на БАФТА.
Најчесто го играше негативецот, но ја покажа и својата нежна страна во филмови како “Truly Madly Deeply”, “Sense and Sensibility” и “Love Actually”.