Богољуб Митиќ Ѓоша ненадејно почина во 49 година од својот живот, а него утринава го пронашла неговата ќерка Наталија, мртов во 6 часот.
Тој претходните денови бил настинат и не сакал да oди на лекар на преглед, иако сопругата и пријателите инсистирале, за да не добие сериозни здравствени компликации поради неговата дебелина.
Како што се дознава, го пронашла ќерка му Наталија коа и’ јавила на мајка и’ и на пријателот на Ѓоша, Ивица Цветковиќ. Ѓоша починал во четири часот изутринава од последците од срцев удар. Брзата помош веднаш конастатирала смрт, а на ќерка му и’ се слошило.
-Синоќа до 23 часот бев со него и се беше во ред. Изутринава добив повик од неговото семејство дека Ѓоша починал. Не знам што да кажам, тешко е. Се се случи ненадејно. Неговата сопруга и ќерките минуваат низ најтешкиот период, рекол неговиот пријател кој се јавил на мобилниот на актерот.