Почина првиот легален советски милионер

Првиот легален милионер во поранешниот комунистички Советски сојуз, 67-годишниот Артем Тарасо починал до пневмонија, објави во неделата весникот Российская газета повикувајќи се на свои извори.

Претходно за смртта на Тарасов извести партијата Јаблоко, во чиишто редови влезе во 2016 година.

Тарасов беше еден од најпознатите членови на задругарството и кооперативното движење во некогашниот СССР. Во 1987 година претприемачот формира кооперација, а веќе по две години објави дека станал првиот легален милионер во земјата. На почетокот од 1990-те години Тарасоф стана пратеник во тогашната Рука советска федеративна република.

По распадот на Советскиот сојуз Тарасов емигрираше во Велика Британија, но подоцна се врати во Русија и беше избран во првиот состав на Државната Дума. Во 1996 година беше номиниран за претседателски кандидат, но на крајот не учествуваше на нив, бидејќи не беше регистриран како кандидат.

Во 2016 година се кандидираше во долниот дом на парламентот од партијата Јаблоко. Беше, исто така, и генерален директор на „Институтот за иновации“.