Жеравица почина поради срцеви проблеми на 85-годишна возраст, откако пред неколку месеци му бил вграден нов стент по преживеан срцев удар.
Тој беше предводник на југословенската кошаркарска репрезентација во шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век, освои многу медали, а во кариерата беше тренер и на Црвена Звезда, Партизан, Барселона и Сарагоса.
Во 2007 година, Светската куќа на кошарката (ФИБА) го вброи Ранко Жеравица во Куќата на славните.