![златко-e1554729419522](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/zlatko-e1554729419522.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Македонскиот режисер и драматург Златко Славенски почина денеска ненадејно во Скопје.
Славенски беше вработен како професор на Факултетот за драмски уметности. Тој е роден во Скопје во 1966 година.
Неофицијално, на Славенски му се слошило за време на час со студентите.
Славенски во богатата кариeра ги има поставувано текстовите на Шекспир, Гете, Пинтер, Горан Стефановски, Сашко Насев, Венко Андоновски.
Режисерот потпиша бројни театарски претстави како „Соларис“, „Супернова“, „Папокот на светот“, „Бесови“. Беше познат по неговите обиди да ги преиспитува границите на театарот како медиум.