
Во болница во Лос Анџелес, по кратко, но тешко боледување, почина сопругата на британскиот поп пејач Том Џонс.
Во кусото соопштение на болницата „Сидарс Синај“ се вели дека 75-годишната Мелинда Роуз Вудворд, починала од рак.
Мелинда, која во музечкиот свет е позната само како Линда, беше во брак со Том Џонс 59 години. Тие се заедно уште од најраното детство, кога обајцата имале само по 12 години.
Линда и Том се венчале во 1957 година кога имале по 16 години и од тогаш се постојано заедно.
Нивната брачна врска често се означуваше како вистинска реткост во светот на поп и рок музиката, многупати проследена со неверувањето дека една поп ѕвезда, каков што е Том Џонс, целиот свој живот го минал во брак, верен само на една жена.
Џонс е познат по своте хитови „Зелената трева на мојот дом“, „Дилајла“, „Тоа е необично“, „Секс бомба“…
Тој се` уште одржува концерти по светот, а сега требаше да се наоѓа на турнеја по Азија, одржувајќи концерти во Тајланд, Јужна Кореја и Јапонија, како и во Обединетите Арапски Емирати.
Неодамна беше соопштено дека сите концерти се откажуваат поради „болест во семејството“.
Мелинда Роуз Вудворд и Том Џонс имаат еден син, Марк кој работи како менаџер на својот татко.