Почина спортскиот новинар Томислав Биљарац

Денеска на 77-годишна возраст почина познатиот македонски автомобилски новинар Томислав Биљарац – Томби, основач на ревијата Авто Плус.

Томби беше активен преку 40 години во радио, весници, магазини и ревии.

Погребот ќе се одржи утре на градските гробишта Бутел, а кратка комеморација во негова чест ќе одржат неговите колеги во амфитеатарот во АМСМ во 13 часот.