Седумдесет годишен старец почина во пожар што избувнал во неговиот дом. Пожарот избувнал вчера околу 18.30 часот во Прилеп на ул. „Јоле Андоновски“ во станот на 70-годишниот Р.Н.
Засега не се познати причините поради кои настанал пожарот, а старецот починал поради здобиени изгореници.
Пожарот е изгаснат, извршен е увид на местото на настанот, а телото на починатиот е предадено на обдукција.