Почина Стјуард Адамс, творецот на ибупрофенот

Доктор Стјуард Адамс, кој во борбата против својот мамурлак го откри дека лекот против болки ибупрофен делува, почина во 95-та година, пренесува во четвртокот BBC.

Адамс повеќе од десет години учествувал во испитувањата на споменатиот лек и чекал уште седум години да биде прифатен. На истражувачкиот оддел на корпорацијата „Boots“ му се приклучил по студиите на фармација на универзитетот во Нотингем.

Адамс во разговор во 2015 година за BBC откри дека првата консумација на лекот му ја разбистрила главата за да може да одржи говор. Професорот Кевин Шејкшеф од универзитетот Нотингем истакнува за британскиот јавен сервис дека кариерата и придонесот на Адамс за пациентите се „инспиративни“.

„Ќе остане запаметен по своите успеси во создавање на едно од најважните средства против болки во светот но и, како кај многу инспиративни луѓе, по тоа што се враќаше по низата неуспеси во раните клинички тестирања пред да со својот тим го создаде ибупрофенот. Неговиот живот е потсетник за сите во Нотингем дека можеме да го промениме светот низ работата која ја вршиме во нашите локални компании, болници и универзитети“, вели професорот.

Адамс е роден во 1923 година во Бифилд во Англија. Училиштето го напуштил на 16-годишна возраст и започнал да работи во аптека кој ја водела компанијата „Boots“. Таа работа го водела до дипломата по фармација, по што и докторирал на универзитетот во Лидс пред во 1952 година да се врати во компанијата од која тргнал и останал до крајот на својата кариера.

Во споменатиот разговор за BBC рече и дека е најзадоволен од тоа што стотици милиони луѓе ширум светот го користат лекот кој го открил.