Почина Тања Мале, една до девојките на Џејмс Бонд

Британската актерка и модел Тања Мале починала во 78-годишна возраст, соопшти на Twitter франшизата за Џејмс Бонд, а причината за смртта не се соопштува.

Мале е родена во градот Блекпул, од татко Англичанец и мајка Русинка. Како еден од најпознатите модели од крајот на 50-те и почетокот на 60-те години од минатиот век, таа ги минала аудициите и пробните снимања за главаната женска ролја во вториот филм за славниот агент во „служба на Нејзиниото височество“ – „Од Русија со љубов“, но не ја добила улогата.

Сепак, во 1964 година, Тање Мале ја добила улогата на Бонд девојката, Тили Мастерсон, во филмот „Голдфингер“ во кој партнер ѝ е легендарниот актер Шон Конери. По снимањето на филмот, таа одлучила да се врати на кариерата на модел.