![laskarci](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/02/laskarci.jpg?resize=682%2C425&ssl=1)
На Клиниката за реанимација и интензивно лекување во Клиничкиот центар во Скопје утрово почина уште едно лице од повредените во трагичната сообраќајна несреќа што се случи на 13 февруари на автопатот Скопје – Тетово кај селото Ласкарци.
Станува збор за петнаесетиот загинат, маж на возраст од 39 години во оваа голема несреќа.
Патникот при несреќата се здобил со тешки повреди на градниот кош и белите дробови и веднаш пренесен во Болницата „8-ми Септември“. Но, поради сериозноста на повредите уште ноќта бил префрлен КАРИЛ.
Врз повредениот биле извршени две операции истата вечер откако бил донесен на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување поради големо крварење од белите дробови. За жал поради сериозноста на повредите, утринава починал.
Во критична состојба се наоѓаат уште пет пациенти.