Маж на возраст од 32 години бил донесен починат во општата болница во Велес.
Од полицијата информираат дека случајот кај нив е пријавен вчера околу 11,40 часот. Според пријавата 32 годишниот велешанец К.К. околу 11 часот бил донесен починат во болницата.
Според првичните информации на телото не се забележани видливи траги на насилство. Повеќе детали се очекуваат од резултатите од обдукцијата која ќе биде извршена.